Уште малку ќе славиме годишнина, велат среќно кошаркарската легенда Перо Антиќ и неговата девојка Сања Ристиќ, специјалистка по маркетинг.
Тие веќе одамна не ја кријат љубовта, па на социјалните мрежи објавуваат детали и фотографии.
Перо е познат по тоа што не сака да зборува за приватниот живот, но сепак, за ММС рече дека со Сања му е убаво и дека си го нашол мирот.
-Уште малку ќе правиме една година. Со неа си го пронајдов мирот. На сите им посакувам да си го најдат мирот. Се познаваме долги години, но спонтано се запознавме и тоа прерасна во врска. Ни на крај памет и на двацата не ни беше дека ќе чекориме заедно, ни рече Перо и секако, за детали нѐ упати кај поубавата половина.
За разлика од него, впрочем како и сите мажи, Сања ни го кажа точниот датум на нивната годишнина, 22 јули и ни откри детали од нивната љубов.
-Имаме многу заеднички пријатели, но никогаш не сме биле во исто друштво. Само едно далечно здраво. Во кафуле ми пријде и ми рече „добро вечер млада дамо“. Јас бев во некоја фаза, но ете почнавме спонтана комуникација, па се испостави дека сакаме премногу слични работи, па почнавме да се дружииме, па се најдовме во ист склоп, двајцата разведени со дечиња. Јас можеби сум поспецифична, а веројатно Перо ме прифати таква каква што сум и ме нарече „совршенство мое“, рече Сања за ММС и додаде дека сега засега не размислуваат за брак.
-Супер ни е вака, премногу ни е убаво. Не знам што ќе се случува понатаму, каде Господ ќе нѐ однесе, но сега е важно дека си уживаме во секој миг, рече Сања.
Перо од претходниот брак има три сина, а Сања има два сина.
„Цела рака момчиња“, рече Сања и откри дека и децата веќе се дружат.
– Децата се дружат, а за неколку дена јас и Перо со децата, освен Лука, ќе одиме заедно на одмор во Турција. Ете тоа е, се споивме и финкционираме како едно. Уште пред нешто да каже јас веќе знам што сака, рече Сања.
Весна Миленковска
Фото: Вангел Тануровски