Овошјето и зеленчукот се неопходни доколку сакаме да ги внесеме потребните витамини, но и останатите хранливи состојки кои му се потребни на нашиот организам. Се поставува прашањето дали на нашето секојдневно мени треба да се најде и салата.
Нутриционистката, Ивана Ќосиќ е децидна дека секое утро нашиот појадок треба да содржи одреден вид свеж зеленчук. На овој начин ќе внесеме доста влакна кои се важни за метаболизмот, а при тоа, ќе спречат апсорпција на масти.
„Порано беше навика зеленчук да се јаде само за ручек, но сега советуваме тоа да биде дел и од појадокот, па дури зеленчук да се јаде и за вечера“, советува нутриционистката. Според неа, со ова ќе создадеме и подобар имунитет.
Нутриционистката открива и кој зеленчук е најдобар за нашето здравје.
Па така, бејби спанаќот е подобар во односна обичниот, руколата има ниска енергетска вредност, но содржини високо ниво на влакна. Руколата единствено не се препорачува за луѓето кои имаат проблем со штитната жлезда. Слично важи и за зелката.
Секако тоа не значи дека овие намирници треба целосно да се исфрлат од употреба, но во секој случај потребно е да се ограничи нивниот внес.
Извор: mondo.rs