Оскаровецот продуцент на „Кум“, Ал Ради, почина на 94-годишна возраст по кратко боледување. Американските медиуми пишуваат дека Ради починал на 25 мај во медицинскиот центар Роналд Реган по кратко боледување, изјави портпаролот на семејството.
Почитувајќи ги желбите на Ради, нема да има јавен погреб, додека се подготвуваат панихиди. По веста за неговата смрт, Клинт Иствуд, Ал Пачино и Хилари Свонк споделија почит.
„Тој ми беше голем пријател и длабоко ќе ми недостига“ – кратко изјави Иствуд, додека Свoнк додаде:
„Тоа беа најдобри времиња кога работев со Ал. Тој секогаш ќе биде легенда во моите книги.“
„Ал Ради беше апсолутно прекрасен за време на снимањето на „Кум“; дури и кога тие не ме сакаа, тој ме сакаше. Ми даде подарок за охрабрување кога ми беше најпотребно и никогаш нема да го заборавам“ ”– сподели Пачино.
Делото на Ал Ради неодамна беше во центарот на вниманието благодарение на хит серијата „Понудата“, каде Мајлс Телер го играше Ради додека го склопуваше епскиот гангстерски филм на Френсис Форд Копола од 1972 година.
Рaди работеше и на „Девојката од милион долари“ на Клинт Иствуд со Хилари Свонк во главната улога. И долго пред неговиот успех во филмовите, Ал го создаде ТВ-класикот „Херои на Хоган“, кој се емитуваше шест сезони.
Доби два oскари за најдобар филм како продуцент за „Кум“ и „Девојка од милион долари“.
Ради беше во брак 43 години со Ванда МекДаниел, извршен директор на модната куќа Џорџо Армани. Покрај сопругата, Ал Ради зад себе ги остави и синот Џон, ќерката Александра и зетот Абдула Саид, сценарист.