Дваесет и седумгодишна жена е уапсена откако украла автомобил од продажен салон во Дорал, Флорида и ѝ побегнала на полицијата. Хаосот всушност почнал откако Мелина Логан наводно зела автомобил на пробно возење од автосалон, но не го вратила.
Полицајците ја престигнале, но таа не сакала да сопре. Наместо тоа, додала гас достигнувајќи брзина од 145 km/h.
Снимката од камерата на контролната табла објавена од полицијата покажува како полицаец ја брка Логан. Полицаецот во еден момент се судрира со задниот и страничниот дел на друго полициско возило паркирано на страната на автопатот. И покрај густиот сообраќај, Логан несовесно се престојувала меѓу автомобилите пред да се префрли на лентата за итни случаи.
Во еден момент, автомобилот се судрил со бетонска бариера. Потерата завршил кратко потоа, откако Логан удрила во задниот дел на камион и застанала на страната на автопатот.
Полицаецот брзо му пришол на автомобилот со пиштол вперен кон жената. Таа тогаш излегла од автомобилот, се качила на бариерата и скокнала во езерото долу. За нејзина несреќа, неколку полицајци го виделе скокот, па дури и локалниот медиумски хелокоптер ја следел додека таа била во вода. Не поминало долго пред полицајците да ја извлечат од вода и да ја уапсат.