Речиси 300.000 Американци во седум држави се без струја од вчера поради торнада и разорни грмотевици.
Во големите бури што го зафатија континентот минатиот викенд загинаа 23 лица, а според синоптичарите, можни се нови невремиња проследени со силен ветер, град и поројни поплави. Во утринските часови, обилен дожд се очекува да го погоди источниот брег, вклучувајќи делови од Њујорк, Пенсилванија, Њу Џерси и Мериленд, соопшти Националната метеоролошка служба.
Hail coming thru the roof of Walmart in Hurst this evening pic.twitter.com/uqroLT51dC
— Dallas Texas TV (@DallasTexasTV) May 28, 2024
Поради невремето загинаа неколку лица. Осуммина во Арканзас, седуммина во Тексас, двајца во Оклахома и петмина во Кентаки.
Националната метеоролошка служба исто така прогнозира дека денеска над Тексас може да се развијат силни грмотевици, со налети на ветер чија брзина може да достигне 120 километри на час.
You need to be prepared in advance for all sorts of potential disasters. This is baseball sized hail in Texas. pic.twitter.com/EJSswNNH3n
— Giga Based Dad (@GigaBasedDad) May 26, 2024
На југот на земјата ќе продолжи жешкото време и се очекуваат рекордно високи температури.
Hail storm in Texas Thread 🧵 Hapning Now😳 pic.twitter.com/itzXVfD2Jr
— Shalena Ward (@ShalenaCWard) May 28, 2024