Речиси да не постои човек кој нема болка во одредена регија на телото. За ваквата состојба најчесто причини се лошото држење на телото, слабата физичка активност или преоптеретувањето со работата, ангажманите или зголемена физичка активност. Ваквата состојба најчесто доведува до мускулно воспалување што е проследено со непријатна болка во оредената регија на мускулите – вели за ММС, физиотерапевтот Илија Жежов.
За читателите на Македонски медиа сервис, тој објаснува на кој начин може да се смири воспалителниот процес, која е улогата на масажата, но и како стресот може да се одрази на физичкото здравје.
Излагањето на Жежов, прочитајте го во продолжение:
Воспалителниот процес најчесто се смирува самиот од себе, но понекогаш потребно е и да се земе одредена таблета.
Честото консумирање на магнезиум може да спречи појави од воспалителни мускулни болки, затоа добро е три месеци редовно да се зема континуирано магнезиум, а три месеци да се прави пауза.
Исто така, важно е да се земе предвид прегледот од физиотерапевт и да се прави често медицинска масажа на телото.
Масажата ги опушта, релаксира и ги смирува воспаленијата и болките. Препорачливо е масажата да се прави еднаш до два пати месечно.
Со одржувањето на редовниот начин на масажа ги спречувате и сите појави на дегенеративните процеси, така што при било каква промена вашиот физиотерапевт ќе ве извести и ќе ве препрати на дополнителни испитувања за нареме да се превземат првите чекори со примените на вашата здравствена состојба.
Доколку одредени мускулни болки сигнализираат постојана болка тоа може да е резултат на веќе активна состојба на одредена дијагноза па за истата потребни се испитувања и комплетен рехабилитационен план од физиотерапевт.
Редовното пешачење, спортската активност и навременото соработување со физиотерапевтот е многу важно, затоа велам не ги заборавајте овие три важни работи и бидете секогаш во чекор напред со вашето здравје.
Најчесто болките во вратниот ‘рбет се јавуваат како резултат на мобилните телефони, а лошото држење на вратот при извршувањето на работните задачи исто така може да предизвика низа на здравствени проблеми. Освен вратната болка тука многу често може да се јави и почетна фаза на спондилоза или лордоза.
Затоа е важно држењето на телото секогаш да биде во добра и правилна позиција како би се спречиле сите овие последици во иднина.
Доколку веќе пациентите имаат вакви проблеми апелираме навремено да се преземат мерки кон успешно рехабилитирање на истите.
Стресот исто така има голема улога во самиот мускулен систем и истиот создава мускулна конракција и стегање на мускулите, затоа да се практикува што помалку стрес и да се обврне внимание на поголема физичка активност во комбинација со редовно консумирање на магнезиум и еднаш до два пати месечно да се практикува навиката за редовна масажа на целото тело.
(В. Ми)