По утринската сообраќајка, во која по операцијата за живот се бори работник, кој ја косел тревата покрај банкините на експресниот пат Штип – Кочани, во источниот регион се случија уште две сообраќајќи.
Втората е во близина на гробиштата кај штипската населба Три Чешми, на стариот пат за Свети Николе, во која повредени се две жени при излетување на возило. 51-годишната жена што го управувала возилото поминал со полесни повреди, но нејзината сопатничка (54) се здобила со тешки телесни повреди.
Третата сообраќајка, како што соопшти СВР Штип се случила во близина на селото Бигла, на патот Македонска Каменица – Делчево. Во судир на џип и Фиат Пунто повреден е возач на Пунтото.
В.К.