Американците деновиве се соочуваат со наезда на штурци, а остатокот од светот тоа го следи преку нивните видеа на ТикТок.
Американските медиуми пренесуваат дека се работи буквално за милијарда бучни инсекти кои ги имаат „запоседнато“ улиците, дворовите и парковите во градовите ширум неколку американски сојузни држави.
Вакво нешто се нема случено повеќе од два века, а причината е тоа што има поклопување на две различни легла. Имено, овие инсекти поминуваат одреден број години под земја пред да излезат на површина и и да учествуваат во „бучен ритуал“ на парење, а токму тоа се случува сега во САД.
Вакво нешто таму последен пат се случило во 1803-та година.
„Тоа е нешто што никој жив денес го нема видено и никогаш нема да го види“, изјави Џим Лудерман од музејот Field во Чикаго.