Тешко е повреден и се бори за живот 42-годишен работник од Штип, кој косел трева, откако во него удрило возило, кое потоа се преврте и заврши во ендек од спротивната страна на експресниот пат Штип – Кочани. Возачот (43) од Пробиштип, кој управувал со возилото Сеат, исто така е повреден и е во болница, информираа од СВР Штип.
Сообраќајката се е пријавена во 07.20 и се случила на два километри од клучката од Штип кон Кочани, во близина на ТИРЗ зоната во Штип. Патот од 07.40 часот е затворен за сообраќај, соопшти АМСМ. Полицијата врши увид.
Ова се првичните информации, додека повеќе детали очекуваме во текот на денот.
Денешната сообраќајка е само една од низа настани на експресниот пат, во која за среќа, нема жртви. За само еден месец, на овој пат се случија повеќе сообраќајни несреќи со човечки жртви. СВР Штип спроведува засилени контроли, пред се’ за почитување на ограничувањето на брзината и претекнувањето.
В.К.
фото: принт скрин ТВ Стар