Раперот Канје Вест со години го привлекува вниманието на луѓето или поради своите изјави или поради модните изданија кои многумина ги карактеризираат како бизарни. Дека не планира да престане, докажува и новото видео кое го објави.
Канје Вест го претстави својот нов автомобил кој личи на се, само не личи на автомобил и со него предизвика лавина коментари. Автомобилот чини 1,2 милиони долари, а се направени само три од тој вид.
Изгледот на автомобилот е футуристички, тој е целосно црн и не е јасно каде се вратите, прозорците и фаровите, бидејќи ова возило, како што велат многумина, изгледа како линија од пирамиди.
„Побегна нечиј компјутерски глушец“, „Ликот ладнокрвно вози ДВД-плеер“, „Имам ист рутер за интернет“, „Боже мој, изгледа како да се вози во мртовечки ковчег од иднината“, беа само некои од коментарите.
На многумина не им е јасно дали овој автомобил е легален, односно дали е дозволено да се движи во сообраќај со оглед на тоа што нема регистарска табличка и нема надворешни карактеристики.
“Се надевам дека овој автомобил нема да биде дозволен на патиштата. Воопшто не е безбеден. Лудо е да се плати толку многу”, напишал еден човек.
Канје на почетокот на годината ги извади сите заби и ги замени со титаниумски протези кои се и поскапи од дијамантите. Како што се наведува, протезата е специјално направена за раперот, а чинела околу 850.000 долари.
Извор: курир.рс