Вчера во женското одделение во затворот Идризово избувнал пожар.
Пожарот го потврди и МВР.
-Вчера во 19:55 часот во СВР Скопје од Казнено-поправната установа Затвор Идризово било пријавено дека во затворениот дел од женското одделение настанал пожар во една од просториите, инормираат од МВР.
Според извори на Телма четворица вработени биле префрлени на Токсикологија, чија здравствена состојба е стабила.
Пожарот, како што неофицијално информираат медиумите избувнал поради затвореничките, кои запалиле постелнини и душеци.