Американски актер и филмски режисер Кевин Костнер се расплака на премиерата на својот филм „Horizon: An American Saga“, на кој работеше 30 години, на Канскиот филмски фестивал во 2024 година, пишува US Magazine.
Костнер, како што пишува американскиот магазин, работел на оваа приказна 30 години и го ставил под хипотека својот имот во Санта Барбара, Калифорнија за да има пари за снимање. Тој стана не само режисер на филмот, туку и негов сценарист, а ја одигра и главната улога со што, како што изјави, го остварил својот сон.
„Мислам дека во сè што правиме, мораме да се залагаме за себе на овој или оној начин. Мораме да се залагаме за работите што мислиме дека се важни. Не можеме да бидеме опседнати со тоа да го направиме нашиот куп пари толку голем колку што срцето може да ни е полно… Не треба да се препушташ на конвенциите на она што другите го мислат: раскажи ја својата приказна, се надевам дека е интересна, верувај дека е возбудлива, верувај дека ќе те однесе некаде, таа не е поважна од која било друга приказна, но тоа е приказната што ја гледате кога ќе се изгаснат светлата“, изјави славниот актер.