Сите девет лица во хеликоптерот на иранскиот претседател Ебрахим Раиси кој се урна во северозападниот дел на земјата загинаа, јави иранската државна новинска агенција ИРНА и државната телевизија.
Раиси и иранскиот министер за надворешни работи Хосеин Амирабдолахиан се меѓу деветте загинати, пренесува ДПА.
Хеликоптерот на Раиси, заедно со уште два хеликоптери, бил на пат кон градот Табриз, откако претходно вчера тој ја отвори браната Киз Каласи на границата со Азербејџан.
Локалните власти присутни на местото на несреќата ја потврдија смртта на Раиси и другите патници, јави ИРНА. МИА
تصاویری از انتقال پیکر شهدا توسط امدادگران هلال احمر و تکاوران نیروی زمینی ارتش به مناطق پایین دست pic.twitter.com/4frTVrqe9H
— خبرگزاری ایرنا (@IRNA_1313) May 20, 2024