Деветмесечно бебе починало вчера утрото во Општата болница во Охрид – соопшти денеска охридската полиција.
– Бебето претходно во Службата за итна медицинска помош било донесено во неконтактибилна состојба. Увид бил извршен, а по наредба на јавен обвиниел телото е дадено на обдукцијa – информираше портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.