Дваесет и шестгодишната, Андреа Иванова од Бугарија не престанува да го привлекува медиумското внимание благодарение на својот изглед.
Имено, пред неколку години таа одлучила драстично да го промени изгледот, па од тогаш важи за жена со „најголемите усни на светот“, а само за филери во јагодиците потрошила десетина илјади евра.
Сепак, се чини дека Андреа не планира да престане бидејќи неодамна направила нов естетски зафат. Таа вбризгала филери во носот.
Досегашните операции биле опасни за нејзиниот живот
Андреа за првпат се најде на насловните страници кога направи шест процедури во ист ден. Претходно таа откри дека лекарите ѝ кажале дека доколку стави нов филер дополнително, тоа би било опасно по нејзиниот живот.
„Мојот доктор ми кажа дека е многу важно да имам филери на одредени делови од лицето. Бидејќи имам голема количина филери на усните, но и на јагодите, ми се насобираат течности од двете страни на лицето, а тоа предизвикува брчки. Таквите деликатни делови мора да бидат хидрирани и редовно освежувани за да изгледам младо“, објасни таа.
Андреа во едно од видеата објавени на социјалните мрежи, објаснува дека е време за нов зафат, иако еден дел од лицето е особено опасен за инекции.
„Инекциите се опасни во делот каде што се наоѓаат синусите како и некои други крвни садови. Ако ти се блокираат ситуацијата може да биде опасно. Сепак, сметам дека неопходно е да вбризгам филер и таму за да го зачувам мојот изглед“, додаде Андреа.
Нејзиниот хирург не ја крие својата загриженост поради нејзиното однесување, но таа е одлучна да продолжи и понатаму.
„Мојот доктор е загрижен, но сѐ додека сум внимателна, би требало да бидам добро. Тешко е да се смеам и морам да пијам многу вода бидејќи хијалуронската киселина делува како сунѓер. Не можам силно да го тријам лицето со рацете кога го мијам, но сепак сакам усните и образите да ми бидат пообемни“, објасни таа.
Андреа сака да продолжи со третманите на лицето и покрај предупредувањата од повеќе доктори.
„Тие се уверени дека одам предалеку, но јас апсолутно не се колебам дека ќе продолжам со зафатите“, изјави Андреа.