Рано утрото пред 2 часот во штипската полиција е пријавено дека возило Хонда со штипски регистерски таблички излетало од коловозот, делумно се превртело и завршило врз покривот на куќата покрај улицата „Стојан Рибата“ во Штип. Возилото, според информациите од СВР Штип, го управувал Т.Р., 39-годишен возач од Штип, кој излегол без повреди.
-Нема други повредени, бидејќи во тој момент во објектот немало луѓе, соопштуваат од СВР Штип.
Се работи за стрмна улица, а во делот каде излетало возилото нема тротоар, има заштитна ограда, додека објектот се наоѓа под нивото на улицата. Направена е мала материјална штета на објектот. Возачот и сопственикот се договориле за надомест на штетата.
Возилото и претпладнето се’ уште е на истото место. Поради конфигурацијата на теренот и тежината на возилото, според информациите, веројатно ќе треба градежна машина за да се извлече возилото.
В.К.