Љупчо Палевски, првообвинетиот за киднапирање и убиство на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и на велешанецот Панче Жежовски, слетал на скопскиот аеродром вечерва околу 19.30 часот. Се очекува по напуштањето на аеродромот ТАВ, тој да биде однесен директно во затворот „Шутка“.
Тој стигнал со комерцијален лет, сепариран од другите патници, со посебно организирано обезбедување од турската полиција.
ЗаПалевски веднаш стапува во сила мерката притвор од 30 дена, што му е одредена претходно.