Марко Пуришиќ, 29-годишниот музичар со уметничко име Бејби Лазања, ја претставуваше Хрватска на Евровизија во Малме, каде го освои второто место.
Во емисијата на ХРТ, која беше посветена на животниот пат на Бејби Лазања, се појавија неколку негови слики од неговите тинејџерски денови.
Марко еднаш откри дека не изгледал секогаш вака, и дека во еден момент имал 107 килограми.
“Цел живот бев дебел и во еден момент имав 107 кг. И тогаш реков, во ред, доста е! Морам да направам нешто. Почнав да тренирам во боречки вештини. Најмногу бев навлечен на џиу-џица, а потоа теретана, исхрана и еве ме сега, сабајле се измерив, сега имам 75 килограми“, изјави Лазања во емисијата „Здравје на квадрат“ на Нова.