Првично доставените извештаи за платеното политичко рекламирање, покажува дека од порталите има само неколку кои успеале да ја надминат сумата од 10.000 евра. Ова не се целосни податоци, бидејќи сите портали што објавувале политички реклами, се’ уште не ги испратиле извештаите. Сликата за заработката на порталите, ќе биде појасна со извештаите за двојните избори од 8 мај.
Порталот Фокус заедно со неделникот имаат извештаи за политичко рекламирање во висина од 34.495 евра. Во Фокус од седумте кандидати, не се рекламирал само Бујар Османи. Плусинфо на Бранко Героски е на врвот по ППР со 23.775 евра, каде над 10.000 евра се од рекламите на Гордана Сиљановска Давкова, додека останатите кандидати за претседател, со исклучок на Бујар Османи, се со помал износ. Агрегаторот Тајм е блиску до сумата на Плусинфо со 23.251 евро. Следи Порталикс на Фуркан Салиу, кој само од албанските кандидати – Арбен Таравари и Бујар Османи прикажал износ од 21.626 евра.
Понатаму следат А1он со 17.606 евра, Оффнет на Трендо со 15.970 евра, Пресс 24 во извештајот потпишан од уредничката на ТВ Сител, Славица Арсова Спасовски со 10.111 евра и ИНА-онлајн, портал на албански јазик, кој само од рекламите на Таравари се очекува да наплати 10.029 евра. До износи под 10.000 евра се Агор медиа од Мала Речица со порталот Pacenzure.com со 9832 евра; Лидер на Љупчо Златев со 9.157 од рекламите на Гордана Сиљановска Давкова и Максим Димитриевски) Скопје инфо (7117 само со реклами на Гордана Сиљановска Давкова);Тетова експрес (5.308 со реклами на Арбен Таравари); Ехо медиа груп со Скопско ехо (4756); Коха (4500); Клип Медиа (4.142). Останатите се со помали износи.
Средствата за платеното политичко рекламирање се обезбедуваат од државниот Буџет. За тоа како поминаа радијата и телевизиите во првиот круг на Претседателските избори прочитајте повеќе на линкот.
В.К.