Најмалку 14 лица го загубија животот, а 75 други се повредени откако врз нив падна голем билборд при невреме во индискиот финансиски центар Мумбај, соопштија денеска властите.
Видео снимка покажа дека билбордот се тресе од ветрот пред да падне врз куќи и бензинска пумпа во прометниот пат во источното предградие Гаткопар. Градот го зафати невреме што го запре патниот сообраќај и летовите на авионите.
14 killed, 74 injured in this giant hoarding collapse in Mumbai’s dust storm yesterday.
The 17,000 sqft hoarding was listed in the Limca Book of Records last year. The BMC says it was illegal, unauthorised.
FOURTEEN lives gone & counting.
Banana republic. pic.twitter.com/uHqx0tW1in
— Shiv Aroor (@ShivAroor) May 14, 2024
Локалните власти соопштија дека најмалку 75 повредени лица се пренесени во болница.
Агенцијата во чија сопственост е билбордот немала дозвола од надлежните да го постави, соопшти локалната власт. Билбордот бил околу 1.300 квадратни метри, што е девет пати повеќе од максималната дозволена големина. Агенцијата доби наредба веднаш да ги отстрани сите свои билборди.