Корисниците на социјалната мрежа Х го критикуваа украинскиот претседател Володимир Зеленски за неговите поплаки за настаните кај Харков и го советуваа да го предаде градот.
-Веќе со месеци го користите Харков и околните села за да испалувате проектили врз цивилите во Белгород. Откажете се од ова (Харков), никаква поддршка од Западот и политичката корупција нема да ви помогнат да победите во овој конфликт – му рече корисникот под името Либерум Оратионем на шефот на режимот во Киев.
„Ова не е наш проблем“, „Русија треба да го заземе главниот град“, се само дел од коментарите. Рускиот воен персонал на групата Север длабоко напредуваше во непријателската одбрана во рок од 24 часа и ги ослободи Гатише, Красноје, Мороховец и Олејниково во регионот Харков, соопшти во неделата Министерството за одбрана, пренесува новости.рс.