На единствениот повикувачки број за итни повици 112 во ЦУК, преку конференциска врска со дежурниот од полициската станица на Попова Шапка е добиено известување дека на патниот правец Попова Шапка – Лешница, во близина на бачило „Лешница“, две лица со „квадрицикл“ излетале од патот во провалија.
– Со нив имало уште еден „квадрицикл“, но лицето не можело да ги види ниту да ги слушне останатите кои излетале од патот. Веднаш беа извршени повеќе комуникациски координативни дејства од ЦУК, согласно барањата од терен и можностите. Од полициската станица на Попова Шапка побараа помош, за што во ЦУК се разгледуваше и варијанта за да се ангажира хеликоптер, согласно дали теренот е погоден, а исто така, и варијанта за ангажирање на специјални сили, се вели во информацијата од ЦУК, од каде додаваат:
-Преку Регионалниот ЦУК Тетово беа известени одговорните од Национален парк „Шар Планина“, а исто така од ЦУК беа известени и надлежните од Дирекцијата за заштита и спасување за евентуално ангажирање на нивните специјални тимови. Во 16:50 часот, од ПС „Попова Шапка“ известија дека со лицата се стапило во контакт, дека се живи, но имале повреди и дека се извлечени за да може возило на Итна медицинска помош да ги преземе. Инаку медицинското возило паралелно со тек од почетокот на спасителните дејства, тргнало на пат да ги преземе на лице место, велат од ЦУК.
Според последните известувања до ЦУК, лицата се живи, но со повреди од паѓањето и се веќе преземени со возило на брза помош се на пат кон болница.