Холандскиот јавен сервис АВРОТРОС претходно на социјалните мрежи објави дека вечерва нема да ги објавува резултатите на жирито, бидејќи нивниот претставник Јост Клајн е дисквалификуван.
-Сега кога АВРОТРОС повеќе не е дел од големото финале на Евровизија, не чувствуваме потреба да ги споделуваме поените на холандското жири. Во консултација со Ники де Јагер, кој требаше да биде наш претставник вечерва, решивме да не го правиме тоа. Исто како Ники, и ние оваа вечер ја замисливме многу поинаку – рекоа тие во изјавата што ја споделија на Инстаграм.
Гласовите од Холандија вечерва ги прочита сипервизорот Мартин , кој само накратко кажа дека 12 поени добил претставникот на Швајцарија. Публиката реагираше на неговото појавување на екранот со скандирање и извикување на „Уааа“.