Швајцарија со 591 глас е победник на годинашниот Иазбор за песна на Евровизија, која се одржа во Малме, Шведска.
Швајцарскиот претставник Немо со песната „The Code“ ја зема победата од хрватскиот претставник Бејби Лазања, кој со месеци водеше на топ листата а вечерва со 547 гласа заврши на второто место.
Последна заврши Норвешка со само 46 гласа. Од балканските учеснички, освен Хрватска, другите не можат да се пофалат. Србија заврши на 17. место со само 54 поени, додека Словенија на 23 со 27 поени.
Неговото полно име е Немо Метлер и по музичка ориентација е полурапер-полупопер, свири виолина, пијано и тапани.
Привлече големо внимание поради својата небинарна родова класификација, што значи дека Немо инсистира на среден род на личните заменки.
На сцената се појави во розово здолниште, а со својот моќен глас сите ги воодушеви.
Нему му се потсмеваат на фактот дека тој се идентификува како небинарна личност, но неговата евровизиска песна беше инспирирана од реалниот живот, односно од личните проблеми на патот кон самоприфаќањето.
„Луѓето почнуваат да разбираат подобро, што ми значи многу, а тоа што можам да ја претставувам оваа заедница е фантастично, и многу ми е мило што не сум единствениот оваа година“, објасни тој, мислејќи на претставничката на Ирска, која исто така е небинарна.
-„Кодот“ зборува за патувањето кое започна со сознанието дека не сум ниту машко ниту женско. Да се пронајдам себеси беше долг и често тежок процес за мене. Но, ништо не ја надминува слободата што дојде со сфаќањето дека не сум бинарна личност“, изјавил Немо.
Тој додека се заблагодаруваше на сцена заплака.