Поради настапот на израелскиот претставник на Евровизија, пред почетокот на втората полуфинална вечер на натпреварот за најдобра песна на Европа, прекинато е емитувањето на програмата, а пораки за поддршка за Палестинците беа прикажани на телевизиските екрани.
Синдикатите на белгискиот јавен сервис ВРТ во четврток накратко го прекинаа преносот на почетокот на второто полуфинале на Евровизија поради протести. Во етер беше емитувана порака за поддршка на палестинскиот народ, пренесува дневник.хр.
„Ова е синдикална акција. Ги осудуваме кршењата на човековите права извршени од државата Израел. Израел ја нарушува слободата на медиумите. Престануваме да емитуваме програма за момент. #примирјесега, #стопзагеноцид , гласеше пораката на екранот.
Belgian TV right before the start of Eurovision:
"We condemn the violations of the Israeli state. Israel is also destroying the freedom of the press. That's why we temporarily interrupt the screen." pic.twitter.com/YMEgcLdHyM
— Pim 🇸🇮🇬🇷🇮🇹 (@EscPim) May 9, 2024
Портпаролката на ВРТ Јасмин Ван дер Борхт тврди дека биле запознаени со синдикалната акција на јавната телевизија и нема да реагираат.
„Со месеци со ужас ги следиме настаните на Блискиот Исток. Убедени сме дека државата Израел врши геноцид и затоа е скандалозно што има израелски кандидат на Евровизија. Да не се превземе ништи, туку само да се набљудув, повеќе не е опција“, додаваат од синдикалната организација АЦОД-ВРТ.
„ЕБУ (Европската радиодифузна унија, организатор на Евровизија) за жал му дозволи на Израел да учествува и затоа решивме да го прекинеме емитувањето. Се надеваме дека ќе испратиме сигнал до израелската влада да ги прекине борбите и убиствата, да дозволиме меѓународни набљудувачи и новинари да влезат во Газа и се седне на маса заради преговарачко решение“, напишаа тие, а пренесува Ле Соар.
Емитувањето продолжи нормално по акцијата.