Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија ја оквалификува одлуката на Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност како неподдржувачка на бизнисот и економската благосостојба.
-На многу бизниси им е потребно да се поддржуват на возила за извршување на нивните активности, како што се транспорт на стоки, услуги или вработени. Повисоки цени на полисите за осигурување на автомобили може да имаат пошироки макроекономски ефекти со намалување на довербата и трошењето на потрошувачите, кои се суштински двигатели на економскиот раст, велат денеска од Комората.
Според СКСЗМ, амбиентот за водење бизнис станува дестимулирачки за локалните компании како и за странските инвестиции, со што, како што велат, се оставаат долгорочни последици, но и во спротивност на ЕУ со законодавниот систем кој се уште му дозволува на Министерството за финансии да одлучува за премиите за осигурување на автомобили, што е спротивно на acquis на ЕУ.
-Со оваа донесена одлука од страна на Комисијата за автоодговорност се ограничуваат ингиренците на другите релевантни фактори како што се компаниите, со која цените за автоодговорност се контролираат целосно од државата, се вели во денешното соопштение од Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија.