Хулио Цезар Мора Тапија 9 и Валдрамина Макловиа Квинтерос Рејес влегле во Гинисовата книга на рекорди како најстар пар во светот, со вкупно 214 години и 79 години брачен живот. Тие се веќе починати, но нивната приказна е една од оние што служи како инспирација за холивудските филмови.
Валдрамина и Хулио работеле како професори и така се запознале, се заљубиле и решиле остатокот од животот да го поминат заедно. За жал, нивните родители не го одобриле тој план, но сепак ја следеле својата интуиција и решиле да се венчаат во тајност, само во присуство на најдобрите пријатели и кумови.
– Не беше лесно, бидејќи нашите родители немаа добри односи, но со време и трпение успеавме да ги споиме и станавме пример за помладите генерации – изјави парот во интервју за Гинисовата книга на рекорди.
Ecuadorian spouses Julio Cesar Mora Tapia, 110, and Waldramina Maclovia Quinteros Reyes, 104, were recognized by the Guinness World Records as the oldest married couple.https://t.co/wxX6kpA1e7
— The Philippine Star (@PhilippineStar) August 27, 2020
– Љубовта и зрелоста што ги имавме како двојка од почетокот на бракот ни овозможија да се запознаеме и емотивно да растеме за да ја дефинираме нашата иднина – објаснила двојката која застанала пред олтарот во 1941 година.
Во заедничкиот живот Валдрамина и Хулио верувале во убави состаноци и заеднички планови, уживале во градинарството, одење во кино и вечера со семејството. Тие испратиле пет деца на факултет, а нивното големо семејство го сочинуваат 11 внуци, 21 правнук и 9 правнуци.
– Семејното единство под правилата на љубовта, меѓусебното почитување, чесната работа и правилното образование засновано на семејните вредности се клучот за заедничкиот живот – изјави парот во една прилика.
За жал, на сите љубовни приказни им доаѓа крајот, но затоа спомените траат вечно. Хулио починал во 2020 година, а Валдрамина сè уште живее во Еквадор, пренесува Eatthis.