Ви останаа варени јајца, месо и друг тип на храна од Велигден? Не фрлајте ги ваквите остатоци и искористете ги за да направите нови јадења. Излупете ги варените јајца, исечкајте ги и направете салата со аспарагус, домати, пченка или парчиња печено месо.
Доколку ви останала шунка, неа може да ја искористите за да направите солени палачинки – направете класични палачинки па премачкајте ги со вашиот омилен намаз, а потоа додадете ја шункаta. Завиткајте ги палачинките и прелијте ги со крем или павлака за готвење, а потоа печете ги 15 минути на 200 степени. Ако ви останале печени компири, направете крокети.
Исечкајте ги компирите, додадете брашно, лебни трошки, јајце, млеко и зачини. Обликувајте ги крокетите и испржете ги на масло или испечете ги во рерна доколку сакате малку поздрава варијанта.
Извор: hr.n1info.com