Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните на Скопје дека на 04.05.2024 (сабота), поради одржување на манифестација по повод годишнината од смртта на македонскиот револуционер Гоце Делчев во црквата „Св. Спас” во Скопје, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје по потреба ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот, односно по потреба за сообраќај ќе биде затворена ул.Самоилова на потегот од ул.Иљо Војвода (виадукт Самоилова) до крстосница со ул.Прохор Пчински.
Министерството за внатрешни работи, исто така, ги известува граѓаните на Скопје дека на 04.05.2024 (сабота), Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе воведе посебен режим на сообраќај за одредени сообраќајници во централното градско подрачје на Град Скопје, како и во општините Ѓорче Петров и Аеродром.
На 04.05.2024 во периодот од 18.00 часот до завршување на манифестацијата по повод верскиот празник Воскресение Христово Велигден, во центарот на градот по потреба за сообраќај ќе бидат затворени:
1. Бул.Партизански одреди од крстосницата со ул.Франклин Рузвелт до крстосницата со бул.ВМРО. 2. Бул.Св.Климент Охридски од крстосницата со бул.Илинден до крстосницата со ул.Димитрије Чуповски. 3. На возилата од јавниот градски превоз, кои поминуваат преку мостот Гоце Делчев, по потреба ќе им се менува трасата на движење, при што ќе се движат по бул.Илинден и преку ул.Франклин Рузвелт ќе се вклучуваат на бул.Партизански Одреди, додека автобусите кои што поминуваат преку Центар ќе се движат по ул.Митрополит Теодосиј Гологанов, по што преку ул.Франклин Рузвелт ќе се вклучуваат на бул.Партизански Одреди.
Во спротивна насока автобусите ќе ги користат истите сообраќајници. Во општина Ѓорче Петров, по потреба, за сообраќај ќе се затвора ул.Македонска војска пред црквата Свети Петар и Павле на потегот од крстосница со бул.Партизански Одреди до ул.Ѓорче Петров.
Во општина Аеродром, по потреба, за сообраќај ќе биде затворен локалниот пат кон с.Лисиче. Исто така, по потреба за сообраќај ќе бидат затворани и други сообраќајници кои гравитираат околу верските објекти. Секторот за внатрешни работи Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвиваат настаните.