Денеска паднато куче во шахта ги изгризало оптичките кабли на „Македонски Телеком“ и без интернет од утрово, од околу 08.00 часот, останале дел од ПЗУ „Филип Втори“ и цела Поликлиника „Букурешт“ во Скопје, информираат од ЦУК.
Но, по јавувањето на 112 во ЦУК, специфичната невообичаена ситуација почнала да се решава, при којашто вработените од Телеком не можеле безбедно да пристапат за решавање на дефектот во шахтата.
Конкретно, вработените од „Телеком“, по пријава дека нема интернет во тој реон, откако го лоцирале и пронашле проблемот за прекин на оптичкиот интернет, не се осмелувале да слезат во шахтата, каде што било и кучето и околу 15.00 часот се јавиле на Единствениот број за итни случаи 112 во Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Дежурните од Секторот Е-112 и секторот СОК во ЦУК, бидејќи бил неработен ден не можеле да стапат со ЈП „Лајка“ од Скопје, па, покрај предвидените оперативни процедури, го премостиле проблемот.
Тие ги поврзале активистите на Граѓанска иницијатива „Кане Корзо“ со вработените од Телеком за понатамошна заедничка постапка.
Потоа, кога завршило успешно и безбедно вадењето на кучето од шахтата, вработените од „Телеком“ се симнале и безбедно почнале да работат на отстранување на дефектот.
Инаку, не се знаело колку време кучето било паднато во шахтата, тоа било безбедно извадено и згрижено од активистите.