Освен по добра музика, луди костими и необични изведби, Евросонг е познат и по низата скандали. Контроверзите на Евровизија често беа политички обоени, а некои од нив се паметат и денес, пишува 24сата.хр.
Дана Интернационал
На натпреварот за песна на Евровизија во 1998 година, победи израелската Дана Интернационал. Дана беше искрена за тоа дека е трансродова, а тоа не и се допадна на дел од израелската публика. Иако нејзината песна „Дива“ победи во Бирмингем, православните Евреи во Тел-Авив се побунија и протестираа против Дана. Ситуацијата ескалирала и пејачката добила смртни закани.
Пејачката тогаш се огласи во медиумите.
-Мојата победа докажува дека Господ е на моја страна. Сакам да испратам порака за прошка до моите критичари и да им кажам: обидете се да ме прифатите мене и животот што го водам. Јас сум тоа што сум и тоа не значи дека не верувам во Бог, и дека сум дел од еврејската нација – рече таа.
Гол задник
Во 2017 година, Украинецот Виталиј Седиук се качи на сцената додека пееше Џамала. Тој се качи на бината обвиен со австралиско знаме, а потоа го сврте грбот кон публиката и го покажа својот гол заден дел. Ова не беше единствената ваква инвазија на сцената. Една година подоцна, додека пеела Британката СуРи на бина и се качил маж и и го одзел микрофонот од рака. На СуРи и било понудено да го повтори нејзиниот настап, но пејачката одбила.
Дорис Драговиќ
Дорис Драговиќ, која ја претставуваше Хрватска во 1999 година со хитот „Марија Магдалена“, речиси беше дисквалификувана од натпреварот. Иако го зазеде многу високото 4то место, и ги прекрши строгите правила на натпреварувањето. За време на настапот Дорис имала снимени различни вокали како дел од песната, а на сцената со неа пеел само еден вокал.
Норвешката делегација се залагаше Дорис да биде исфрлена, но на крајот и беа одземени само неколку поени. Некои фанови сè уште мислат дека „Марија Магдалена“ можеше да победи да не беше скандалот со матрицата.
Дрога
Италијанецот кој ги освои срцата на жените ширум светот, Дамиано Дејвид од групата Мåнескин се најде во центарот на скандал на Евровизија 2021. Италијанските рокери победија таа година, а додека ја чекаа објавата, камерите го фатија Дамиано како седи наведнат над масата, а некои заклучија дека пејачот конзумирал кокаин.
Дамијано жестоко ги негираше обвинувањата, а потоа направи тест за дрога. Тестот се покажа негативен, но овој момент го запаметија многу фанови.
Сандра Ким
Во 1986 година, Белгијката Сандра Ким ги бранеше белгиските бои и победи на Евровизија. Сандра рече дека има 15 години, но се испостави дека лажела и дека всушност има само 13. После тоа, ЕБУ го забрани натпреварот за оние до 16 години, а од 2003 година се одржува Детската Евровизија.
Азербеџан
Во 2012 година, натпреварот се одржа во главниот град на Азербејџан, Баку, откако нивната песна „’Running Scared“ победи претходната година. Од самиот почеток, Азербејџан беше контроверзен како организатор, поради кршење на човековите права и слободи. И покрај бунтовите на различни активисти, Баку го организираше Изборот за песна на Евровизија и до ден-денес останува најскапиот избор за песна на Евровизија. Таа година за Евровизија потрошиле меѓу 64 и 75 милиони евра, а за изградба на стадионот биле потрошени речиси 100 милиони евра. Дополнително, властите ги принудија луѓето да излезат од сопствените станови за да имаат што повеќе простор.
Јордан
Јорданската јавна телевизија за прв пат го емитуваше Изборот за песна на Евровизија во 1978 година, а Израел победи таа година. Бидејќи односите на тие земји не беа добри, Јордан одби да ја прогласи победата на Израел, наместо тоа рекоа дека Белгија е на прво место, што всушност е второ.