Горан Иванишевиќ, поранешен победник на Вимблдон, а денес тениски тренер, има две деца од првиот брак со манекенката Татјана Драговиќ, ќерката Амбер Марија и синот Емануел, кои се најдоа во епицентарот на скандалот.
Горан ги тужи поранешната сопруга и ќерката бидејќи сака половина од луксузниот стан во центарот на Загреб. Амбер е наведена како сопственик. Таа има 20 години, а бидејќи нејзините родители никогаш не ја експонирале премногу пред јавноста и медиумите, малку се знае за неа, пренесува пинк.рс.
Учела во елитното загрепско средно училиште и се занимава со јавање коњи. Тоа значи дека таа на некој начин ги наследила спортските гени на татко и, само што избрала коњи наместо рекети. Јавачката школа ја започнала во четврто одделение, а учествувала на бројни престижни турнири.
-Мама и тато се мојата најголема поддршка. Навистина се трудат да дојдат на сите мои натпревари, за што сум многу благодарна. Иако не тренирам тенис како татко ми, имам голема поддршка од него. Од почеток знаеше дека не сум за тој спорт, го пробав и не ми излезе баш, па не го потресе што се решив на јавање – открила еднаш Амбер за хрватските медиуми.
Поранешните сопружници Татјана Драговиќ и Горан Иванишевиќ се најдоа во центарот на вниманието на крајот на минатата година, откако тој поднесе тужба против неа и нивната ќерка Амбер, додека Татјана го тужеше за семејно насилство.