Три мали полжави „учествуваа“ во садо-мазо игрите на вљубен пар во Загреб минатата година, а за тоа слушна целиот регион, секако на потешкиот начин, пренесува 24сата.хр.
Хрватска двојка решила својата страст да ја „зачини“ со три живи полжави, така што девојката му втурнала еден по еден жив полжав со куќичка во задникот на партнерот. Меѓутоа, забавата била прекината кога полжавите едноставно се заглавиле.
Дека бизарниот случај навистина се случил докажува и наодот од итната помош на „Сестрите на милосрдието“ на КБЦ, кој кружи на социјалните мрежи.
Тие отишле во КБЦ откако сфатиле дека самите не можат да ги отстранат. Откако биле примени, дежурниот лекар ги засукал ракавите и се обидел да ги извади полжавите од задникот, но безуспешно. Потоа биле испробани и други техники, како што е празнењето на дебелото црево.
Сепак, ова не било единствениот бизарен детал од нивната секс игра. Според информациите, мажот се пожалил и на „печење“ во уретрата, каде што неговата партнерка ставила пипета, па поради сето ова, побаран е и преглед од уролог.
Иако не се знае што се случило на крајот и со какви последици човекот си заминал дома, сличен, речиси побизарен случај кога се во прашање „игрите“ е забележан во 2017 година кај Ѓурѓевац, исто така во Хрватска.
Тогаш исплашената жена се јавила во итната помош и им рекла да дојдат брзо бидејќи се посомневала дека нејзиниот сопруг има срцев удар. Кога дошле лекарите, тој им рекол: „Изнесете ја жената и децата, па јас ќе ви кажам се“.
Излезе дека имал вибратор во задникот цел ден.
„Веќе долго време вибрира“, им рекол тој на медицинските лица кои, благо кажано, биле во шок.
На крајот, „играчката“ е хируршки отстранета.