Европската комисија соопшти дека ќе вложи повеќе од 65 милиони евра во развој на вештачка интелигенција, вклучувајќи 50 милиони кои ќе бидат издвоени за финансирање на проекти кои имаат за цел развивање нови начини на комбинирање на податоци.
ЕК упати повици за поднесување предлози за финансирање проекти во областа на вештачката интелигенција и кванта технологија в рамките на програма за истражување и иновации Horizon Europe 2023 до 2024, пренесува ANSA.
ЕК наведува дека проектите се насочени кон подобрување на доверливоста на системите за вештачка интелигенција и обезбедување значителен увид во процесите на донесување одлуки за вештачка интелигенција.