Актерот Мајкл Даглас (79) во интервју за британски Телеграф изјави дека еднаш се нашол во многу непријатна ситуација кога ги посетувал сопствените деца на факултет, а сите мислеле дека е нивни дедо!
-Ова не е ден на дедо, ова е ден на родителите! Тогаш реков: “Јас сум родител!” Тоа беше гадно – додаде актерот.
Познатиот оскаровец отворено зборуваше за предизвиците на родителството во подоцнежните години. Холивудскиот шмеќер е 25 години во брак со актерката Кетрин Зета Џонс, со која ги има синот Дилан (23) и ќерката Керис (20), додека го има 45-годишниот син Камерон од неговиот прв брак со Диандра Лукер.
Актерот, кој стана татко по втор пат кога имал 56 години, признал дека имањето ново семејство на постара возраст му помогнало да биде подобар татко на неговиот прв син Камерон.
„Камерон тогаш многу страдаше“, рече Даглас, истакнувајќи дека бил преоптоварен со кариерата додека го одгледувал својот најстар син.
Тој објасни дека неговото семејство било негов трет приоритет во тоа време. Меѓутоа, кога се оженил со Кетрин Зета Џонс, се се променило.
-Веќе работев доволно и сакав повеќе да уживам во моите деца – признал Даглас.
Иако познатиот актер призна дека се борел да одржува добра комуникација со Дилан и Керис кога биле помлади, тој додал дека тој и неговата сопруга сега уживаат во поминување време
-Ова беше одлично време за мене, но имав многу среќа. Јас и Кетрин бевме заедно, а оваа година ќе прославиме 25 години брак. Значи, тоа беше добар период и бев многу среќен со изборот што го направив и сега некако навистина се повлекувам и малку повеќе ги мирисам розите, повеќе патувам – изјавил Даглас.