Застрашувачко искуство е да се почувствува силен земјотрес, а група нуркачи доживеале земјотрес со јачина од 7,2 степени под вода додека нуркале.
Видеото се рашири на социјалните мрежи, а корисниците пишуваат дека откако го погледнале се наежиле и добиле нов страв.
На видеото се гледаат неколку нуркачи како пливаат меѓу коралните гребени и уживаат во колоритната глетка.
Погледнете го видеото ТУКА.
Но, сè се менува кога ќе започне земјотресот. Прашината и нечистотијата од дното на морето почнуваат да се креваат и изгледаат како морничава магла.
Се гледаат и нуркачи како се држат до коралите додека водата се движи побрзо и побрзо.
„