Во земја како Македонија во која корупцијата и криминалот сè повеќе доминираат, не може да се очекува подобра иднина, бидејќи очигледно нема волја, а ниту желба за било какви позитивни промени, рече Александар Тортевски од Твоја партија во најновото издание на „Стадион“ на Канал 77.
- Како ќе се мотивираат младите да останат во земјава кога сите аспекти од секојдневниот живот сè повеќе ги огорчува и иритира. Како може да ги задржиме овие луѓе во земјава кога властите дозволуваат увоз на евтина работна сила од Непал и Филипини? Не може да зборуваме за враќање на младите од странство или евентуално нивно задржување во период кога криминалот и корупцијата владеат во секоја институција и во секое населено место, истакна Тортевски.
Кога зборуваме за иднината на државата треба да ги имаме в предвид условите кои ги нудиме на нашите граѓани, алармира Александар Тортвески.
- Во услови кога цените на становите енормно растат, стандардот е сè повисок, а платите ја губат нивната вредност, не може да се очекува стимул на населението за да се задржи во својата матична земја. Нови реформи се очигледно неопходни, но не со овие политички доминантни партии, туку со нови луѓе на политичката сцена, вели Тортевски.
Најновото издание на „Стадион“ може да го проследите на линкот подолу.