Синдикатот за образование и наука е револтиран на одлуката на Министерството за образование и наука деновите на претседателските и парламентарните избори, 24 април и 8 мај, за се одработат во саботите на 18 мај и 1 јуни и покрај тоа што Владата го прогласи денот на изборите за неработен. Аргументите на МОН се дека овие денови мора да се одработат поради наставниот календар од 180 дена настава за основните училишта.
Деновите пред гласање ќе бидат со скратени часови и наставата ќе се одвива од 7 до 11 часот. Во училиштата каде нема да се гласа, наставата ќе се одвива нормално.
МОН исто така им наложи на основните училишта во Град Скопје до 15 јуни да го надополнат пропуштеното од 30 ноември минатата година, кој беше исто така прогласен за неработен ден поради одржувањето на Министерски Совет на ОБСЕ.