Fanvue World AI Creator Awards (WAICAs) платформата го лансираше првиот натпревар за убавина со вештачка интелигенција во светот, каде целосно лажни модели ќе се натпреваруваат за шанса да освојат вкупен награден фонд вреден 20.000 долари, пишува телеграф.рс!
Тиеќе ги оценуваат моделите генерирани од компјутер врз основа на нивната убавина, технички карактеристики и влијанието на социјалните мрежи.
ChatGPT и роботите кои го заземаат светот се веројатно првите работи што ви паѓаат на ум кога ќе помислите на вештачката интелигенција (ВИ). Сепак, никогаш не би помислиле дека во технолошката револуција, меѓу првите чекори – ќе биде натпреварот за AI miss и конкуренцијата во нивната убавина.
На онлајн настан што ќе се одржи следниот месец, футуристичките Fanvue World AI Creator Awards (WAICAs) ќе ги оценуваат девојките генерирани од компјутер врз основа на нивната убавина, технички карактеристики и нивното влијание врз социјалните мрежи.
Креаторите на натпреварот велат дека церемонијата би можела да биде еквивалент на технолошкиот свет на Оскарите, во време кога 10.000 модели со вештачка интелигенција го заземаат интернетот.
-Во моментов е многу возбудливо време, а со помош на нашата платформа, забележан е експоненцијален раст на бројот на креатори на вештачка интелигенција кои се појавуваат, зголемувајќи ги нивните следбеници и монетизирајќи содржина – рече Вил Монанг, еден од ко-основачите на овој натпревар: – Miss AI е само една награда како дел од програмата, а ние имаме за цел да ги направиме наградите WAICAs „Оскари“ за креаторите на вештачка интелигенција.
Fanvue моментално е водечка платформа за социјално вмрежување за креаторите на содржина генерирана од вештачка интелигенција, а нивниот „бизнис“ се очекува да ја надмине границата од 1 милијарда долари во 2024 година.