На состанокот на правната комисија на Парламентот на Грузија, каде се расправа за предлог-законот „за транспарентност на странско влијание“, еден од пратениците од опозицијата се степал со претставник на владејачката партија.
За време на дискусијата, кога претставникот на партијата Грузиски сон, Мамук Мдинарадзе се расправаше со претставникот на опозициската партија Лело, лидерот на партијата Граѓани, Алеко Елисашвили му пријде и го удри со тупаница по лицето.
После тоа пратениците ја напуштија салата и тепачката ја продолжија во ходникот. На крајот, Елисашвили ја напушти зградата на парламентот бидејќи, како што рече, бил исфрлен од парламентот.
🇬🇪 PARLAMENT GEORGIÀ. Records del Parlament Ucraïnès. Allà on es posa la CIA, merder segur. pic.twitter.com/WxVuwSqX8t
— JosepBastardas ☭ (@josepbastardas) April 15, 2024
„Доста ми е од сето ова, и го удрив овој руски агент во лицето. Отсекогаш сум се обидувал да комуницирам човечки со „Грузискиот сон“ и тие не носат во Русија…Не е време да седите дома, ние мора да излеземе заедно со нивниот руски закон“, рече Елисашвили.
Поради инцидентот, седницата на УО беше прекината половина час, по што продолжи, пренесува ало.рс.