За да го ублажи потењето околу градите, инфлуенсерката Madamesweat покажа дека користи бебешка пудра.
Со доаѓањето на топлите денови, многу жени имаат проблем со потење под и меѓу градите. Иако многумина веруваат дека ова е проблем само за жените со поголеми гради, тоа дефинитивно не е точно.
Интензитетот на потењето не се одредува толку од големината на градите колку од потните жлезди, а доколку и вие ги имате овие потешкотии, сигурни сме дека добро ќе ви дојде трикот за бебешка пудра.
Инфлуенсерката редовно споделува различни совети со своите следбеници, од украсување и чистење на домот до нега на телото, па овој пат го сподели и своето лично искуство кога станува збор за потењето.
Таа истакна дека потењето може да предизвика осип, мозолчиња и слично, што предизвикува голема непријатност.
За да го намали потењето, на чисто тело, околу градите, таа намачка детска пудра, а истото го прави и меѓу градите.