Вчера во Загреб е уапсен Горан Грујевски против кого е распишана меѓународна потерница, а кој беше началник на Петтата управа во МВР, информира Клан ТВ. Според информациите на телевизијата, тој бил пуштен откако лица од грчката амбасада во Хрватска го посетиле и побарале негово итно ослободување, бидејќи Грујевски има азил во Грција.
Тој заедно со Бошковски се главни обвинети во судскиот процес „Таргет Тврдина”, поврзан со нелегалното масовно прислушување, во времето кога ВМРО-ДПМНЕ беше на власт.
Горан Грујевски, како што соопшти Клан МК, е во бегство од 26 јули 2017 година кога требаше да оди во притвор, но полицијата не го најде дома.
Грујевски и Бошковски се уапсени на 18 октомври 2017 година на аеродромот во Солун со лажни бугарски пасоши, под имињата Нексби Асан и Христо Атанасов. Во меѓувреме и двајцата побараа политички азил во Грција.