Поранешниот американски претседател Доналд Трамп изјави дека иранскиот напад врз Израел никогаш немаше да се случи доколку тој сè уште беше претседател.
-Израел е нападнат. Ова никогаш не требаше да се случи. Ова никогаш не би се случило да сум претседател – напиша Трамп на својата социјална мрежа TruthSocial.
Трамп тврди дека американскиот претседател Џо Бајден снимил видео говор во врска со иранскиот напад, но дека видеото не е објавено на повик на неговите соработници. Сепак, Трамп не презентираше докази за своето тврдење, но до објавувањето на овој текст, ниту таа информација немаше демант, пишува новости.рс.