Иран вели дека неговиот напад врз Израел е одговор на израелскиот напад врз иранскиот конзулат во Дамаск и оти „работата може да се смета за завршена“.
Како што јави Си-Ен-Ен, постојаната мисија на Иран во Обединетите нации во Њујорк соопшти дека нападот рано утрово бил одговор на израелската „агресија врз иранските дипломатски простории во Дамаск“.
Израел претходно овој месец нападна иранска дипломатска зграда во сирискиот главен град Дамаск, при што воен портпарол изјави дека Израел верува дека иранската зграда погодена во нападот е „воена зграда“.
Иранската мисија во ОН соопшти дека прашањето „се смета за завршено“.
„Меѓутоа, доколку израелскиот режим направи уште една грешка, одговорот на Иран ќе биде значително поостар. Тоа е конфликт меѓу Иран и непријателскиот израелски режим, од кој САД мора да се оддалечат!“, соопшти постојаната мисија на Иран в ОН на X. МИА