Не можеш да не му се восхитуваш на Тито и неговата политика на братство и единство, а Ѓоковиќ за мене е човек со достоинство, со став, со волја. Страшен спој на дарба но и на многу работа и истрајност, рече во гостувањето на претседателскиот поткаст на Канал 77, кандидатот за претседател од редовите на партијата ГРОМ, Стевчо Јакимовски.
Запрашан за ситуацијата во Украина и кое би било неговото решение за војната, Јакимовски со став дека ако се запре славината и престанат финансирањата тогаш војната ќе мора да запре.
- И НАТО алијансата и целиот западен свет тргна со претпоставката дека Русија ќе биде поразена, како резултат на 13те илјади воведени санкции руското стопанство ќе клекне на колена, ќе има внатрешни немири и Путин ќе падне како претседател, се случи нешто сосема обратно, вели Јакимовски.
Гостувајќи во претседателскиот подкаст на Канал 77, Јакимовски уште еднаш само ја потврди поддршката за Трамп на изборите во САД во ноември, нагласувајќи дека тој како претседател е подобро решение за целиот свет.
- Самиот факт дека беа избегнати конфликти, дека во негово време не е отворен ниту еден конфликт, тоа многу значи за стабилноста на светот. Не е сеедно за САД како воено моќна земја дали во светот ќе има или ќе нема војна, а состојбата се повеќе се комплицира, нагласува Јакимовски.
Прокоментира и за решавање на проблемот со Бугарија и прашањата за Втората светска војна, Гоце Делчев , ВМРО истакнувајќи дека отстапката што на ова поле ја направи Македонија никој никаде не ја спомнува, тоа доаѓа како нешто што неминовно морало да се случи.
- Бугарите не само што биле фашисти биле и нацисти. Европските народи треба да се помират, нема дискусија околу тоа прашање. Сеништата на минатото треба да бидат зад нас. Позитивен исчекор направивме со тоа што Бугарите веќе не ги викаме фашисти. Не можеме да бидеме заробеници на иксторијата, нагласува Јакимовски во претседателскиот поткаст на Канал 77.
Целосно разговорот следете го на :