Како членка на НАТО не можеме во никој случај да бидеме воено неутрална земја, имаме свои обврски кон алијансата во која членуваме, истакна во денешното издание на емисијата Стадион претседателскиот кандидат од редовите на партијата ЗНАМ, Максим Димитриевски.
- Македонија треба да бид едржава која ќе одвојува средства за својата армија, да има воено способно население, не само да се заштити од надвор, но ние може да имама внатрешен проблем, бидејќи сили од надвор во континуитет делувале и не престануваат да делуваат против Македонија, вели Димитриевски.
Прашан за начинот на решавање на проблемот со идентитетот и прашањето за националната припадност на нашите најголеми дејци кој го имаме со Бугарија, Димитриевски вели дека прагматично би го решил, не е воопшто тешко да се утврди чив е Гоце Делчев, дали Македонец или не, потенцира Димитриевски.
- Би земал една новинарска екипа и би отишол среде Софија да направам анкета. Би прашале 100 млади луѓе од Бугарија кој е Гоце Делчев, сигурен сум дека 95 од нив нема да знаат. Истото би го направил и во Скопје и кај нас ќе биде обратен резултатот. Од 100, 99 најмалку а можеби и 100 ќе ви кажат кој е Гоце Делчев и ете го одговорот и решението на проблемот, истакнува Димитриевски.
За историските прашања и ставови околу суштинските прашања за државата, како и за неговите лични убедувања но и за претседателската кампања , многу повеќе со претседателскиот кандидат на ЗНАМ – за наша Македонија следете во продолжение: