Поради информациите за можно влошување на безбедносните состојби во Израел и регионот, Министерството за надворешни работи апелира македонските државјани да избегнуваат патувања кои не се неопходни во Израел, Иран, Либан и палестинските територии.
Од МНР потсетуваат на дежурниот телефон на Амбасадата на Северна Македонија во Тел Авив + 972 549 267 378 (мејл адреса telaviv@mfa.gov.mk), како и дежурните телефони на Министерството за надворешни работи +389 75 273 732/ +389 268 736 (меил адреса globalsos@mfa.gov.mk ).