Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, се сретна и разговараше со повредениот Цане Србиновски, 61-годишник, жител на село Дреновци во Општина Долнени, кого во неделата го нападна мечка.
По два дена тој беше пронајден од неговите блиски од семејството и од местото каде што ги чувал кравите и кае што престојувал во инпровизиран објект „Колиба“, па беше пренесен во болница во Велес, од каде што по укажаната медицинска помош беше пуштен на домашно лекување.
-Ги терав говедата и одеднаш пред мене излезе мечката и со трчање накај мене. Ме грабна за нога и јас паднав на грб. Јас со десната нога ја мавнав по глава, но таа пак ме дофати. Ми даде Господ сила и ја фатив за уши, ја држев половина час. Потоа ја турнав и станав. Она ме гледаше. Јас отрчав до колибата и се здрвив, дури во понеделникот децата ме најдоа, рече Цане на директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, кој денес го посети.