Полициска акција денеска во затворот Идризово. Информацијата кусо ја потврдија и од Обвинителството.
Претресите се вшат од специјалци низ повеќе крила во затворот, по добиени информации за можен судир меѓу две криминални групи кои издржуваат затворски казни во оваа казнено поправна установа.
-Во акција координирана од Основното јавно обвинителство Скопје, поради сомневања за кривично-правни дејствија, утрово се извршени претреси во КПУ Идризово – Скопје со цел обезбедување доказен материјал, велат од Обвинителството.