Меган Маркл и Кејт Мидлтон со години не се во најдобри односи, а сега дојде информација дека Меган и замера една работа на јатрвата и смета дека треба да се извини.
-Меган не се чувствува виновна за Кејт, бидејќи смета дека Кејт требало да биде единствената личност во кралското семејство што ќе надмине било каква тешкотија. „Меган знаеше дека Кејт е аутсајдер, па едноставно не можеше да разбере зошто Кејт секогаш влечела за кралската линија наместо да ја поддржува неа, како друг аутсајдер“, изјави кралскиот експерт Том Квин за Мирор.
Сепак, Меган е решена да не се смири со Кејт и покрај влошената здравствена состојба.
-Кога Меган дозна дека Кејт боледува од рак, беше во шок, но се уште не гледа како тие две може да ја смират ситуацијата. Исто така, таа не сака луѓето да кажат дека сака да се смири со Кејт, само затоа што е болна. „Меган сè уште е убедена дека Кејт направила грешка и дека ќе мора да и се извини пред да се обиде да се помират“, истакна тој, пренесува курир.рс.